Пролетната „генералка“ на домот никогаш не била полесна

Точка

02/04/2024

12:43

10.410

Големина на фонт

а а а

Пролетта годинава ни пристигна и побргу од очекуваното, при што покрај уживањето во нејзините благодети, на листата на “to-do” активности секако е и хигиенското ресетирање на домот по не толку долгата зима овој пат.

Покрај темелното чистење на сите површини, ве чека и редовната прераспределба на облеката заменувајќи ги зимските алишта со пролетните и летните, што во принцип сите го правиме со една мисла: „конечно топлото дојде!“ А ентузијазмот да биде уште поголем, ви ги предлагаме апаратите за домаќинство од Samsung, од кои одредени уреди овој април можете да ги имате по многу подостапни цени и придобивки.

Започнете од облеката со машината за перење со вештачка интелигенција


Новите технологии донесоа револуција и кај машините за перење, па така, кога зборуваме за беспрекорна чистота на вашите алишта, ви ја препорачуваме Samsung машината за перење алишта со Eccobubble и AI Wash со кои вашата облека ќе сјае. Со иновативната технологија Ecobuble, можете да имате машина која ќе користи ладна вода и без замерка темелно ќе ги пере вашите алишта, додека вештачката интелигенција ќе пресметува колку прашок е доволен имајќи предвид колку вашите парчиња се валкани.

Со сите овие паметни функции, добивате апарат кој ќе заштедува вода, детергент и енергија, кој на вашите ткаенини ќе им овозможува подобра нега до 45,5%, и сето тоа овозможено за перење со поголем капацитет до 11 кг благодарение на SpaceMax. Едноставниот и рамен дизајн совршено ќе се вклопи со вашиот модерен ентериер, а вие ќе можете да уживате во врвната ефикасност со помалку бучава и долготрајните резултати од вашата машина за перење алишта која, меѓу другото, припаѓа на линијата Bespoke со веќе познатиот феноменален дизајн.

Продолжете кон лесно и брзо чистење на сите површини со правосмукалката Bespoke Jet™ Complete


Bespoke Jet™ Complete е вашиот нов сојузник во одржувањето на хигиената. Со овој уред можете да чистите различни типови на подови со максимална моќност на вшмукување од 210W и функции кои обезбедуваат ефикасно и хигиенско чистење кое не остава прашина во воздухот или на подот. Иновативната мултифункционална станица за чистење автоматски го празни просторот за складирање прашина, задржувајќи 99,999% од честичките прашина.

Дополнително, Bespoke Jet™ Complete е опремен со понапреден мотор со дигитален инвертер кој е побрз, помал и поефикасен од конвенционалниот мотор и има подолго траење на батеријата. Овој уред е идеален исто така доколку имате домашни миленици благодарение на четката која специјално дизајнирана за отстранување на влакна. Но, не е тоа сé, кога велиме дека чистењето никогаш не било полесно: веќе не треба да се грижите за недостапните површини, бидејќи стикот за правосмукалката можете да го прилагодите на било која висина, така што ниту еден агол кој треба да се чисти, нема да ви претставува проблем.

Флексибилна машина за миење садови – и за просторот и за времетраењето


Како што кујната не можеме да замислиме без машина за перење садови, така и Samsung во својата понуда има бројни и разновидни машини во кои сигурно ќе ја пронајдете онаа што вам најмногу ви одговара. На пример, погледнете ја машината за садови со LED екран. Ова е идеален избор за оние кои секојдневно користат поголеми чинии од вообичаените бидејќи овозможува опција за лесно приспособување на висина со спуштање или поткренување на горната решетка, за да на долната ги сместите поголемите садови.

Циклусите на перење можете да ги следите на големиот LED екран вклучувајќи го статусот, нагодувањата, преостанатото време. Исто така, нема да имате потреба да чекате да ја наполните целата машина со садови за да ја вклучите да се измијат. Сега можете и тоа да го сторите со полу-празна машина, користејќи ја опцијата „полупрограма“ која овозможува миење на вашите садови за пократко време заштедувајќи на енергија, време. А, кога сме кај времето, програмата „експресно миење 60 мин.“ ви дава можност за побрзо перење и сушење н вашите садови, отколку вообичаено. А со завршното плаќнење можете да го изберете и програмот „хигиена“, кој на крајот од циклусот ќе ја зголемува температурата на водата за завршно хигиенско плакнење заради отстранување на бактерии.

Априлска промотивната понуда


Искористете ја тукушто започнатата промоција и заштедете на овие и на други избрани апарати за домаќинството која ви ја нуди Samsung овој месец. Внесете беспрекорна чистота и свежина во вашето домашно опкружување со промоцијата која трае од 01.04 до 28.04.2024, или до истрошување на залихите. Вашиот дом и вие заслужувате да го имате најдоброто.

Повеќе информации за производите можете да прочитате на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww7400b-front-loading-ecobubble-ai-wash-bespoke-design-with-spacemax-11kg-white-ww11bb744dges7/

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/vs9500al-vc-with-all-in-one-clean-station-white-vs20a95843w-ge/

https://www.samsung.com/mk/dishwashers/built-in/dw5500mm-14-place-settings-white-dw60m6070ib-et/

*Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг