Линкови за пристапност

Стево Пендаровски: Има информации за организиран бојкот


Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг, рече Пендаровски
Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг, рече Пендаровски

Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги  осудам однапред затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место, рече претседателот и кандидат, Стево Пендаровски после гласањето во скопска Автокоманда

Има информации дека на некои места во некои општини во некои изборни единици постојат обиди за организиран бојкот, значи за неприфаќање на второто ливче за претседател, рече претседателот и кандидат за претседател, Стево Пендаровски после денешното гласање во скопската населба Автокоманда.

Пендаровски посочи дека, доколку се потврдат информациите за бојкот, тие постапки се спротивни на демократското право за избор.

Стево Пендаровски: Останав оптимист после првиот круг
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:55 0:00
Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг
Стево Пендаровски

„Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место, којшто дошол на гласачко место треба спрема сопствена волја да реши дали ќе гласа на двата избора или на едниот избор“, изјави по гласањето Пендаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е оптимист после лошите резултати од првиот изборен круг, Пендаровски категоричен дека не престанал да верува во победа, но доаде и дека можниот бојкот би имал негативен ефект.

„Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг затоа што знаев дека кандидатите кои отпаднаа, тоа беа околу 330 илјади гласови, се повеќе и поблиски до мојот политички концепт кој го застапувам од концептот на против кандидатката. Меѓутоа овие информации, кои ги спомнав, ако се покаже за точни одат кон оштетување на моите потенцијални бирачи, гласачи“, рече Пендаровски.

Пендаровски воедно додаде дека од новата Влада ќе зависи и какви ќе бидат односите со соседните земји.

XS
SM
MD
LG