Кузманов за „Студио 10“: Меѓународната заедница се труди да ја држи под контрола војната на Блискиот Исток

„Евидентно е дека безбедноста се влошува. Но, сметам дека меѓународната заедница се труди да ја држи под контрола војната на Блискиот Исток. Напори прават и големите играчи како САД и Русија, да не ескалира војната. Колку и да изгледа екстремно, нуклеарното оружје е битна ставка за земјите кои го имаат. Важно е да се напомене дека тоа е стратегија за да не војувате со некој, а не да го употребите. Сега имаме случај Израел да има, и секако дека Израел не може сам да одлучи да го употреби кон Иран. Употребата на нуклеарно оружје во воени цели не е прашање на една земја. Тука е работа на цела меѓународна заедница. Без разлика што го има секако не може да го употреби.“ - вели за „Студио 10“ Кузманов Златко.