Интервју со Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците

За граѓаните брашно и зејтин со ограничени количини, за функционерите бифтек по багателни цени. Владата се пофали дека буџетарите допрва ќе штедат. Колку ценовникот од функционерскиот ресторан на виделина ја извади цела иронија? Колку четири години по контраверзниот чин на гласање на законот за употреба на јазиците, меѓу неколку сета антикризни економски мерки. Владата донесе уредба за двојазични полициски униформи - беше толку приоритетно? Односите топли, решението се подалечно - зошто преговорите со Софија веќе не ги споменува никој?Зошто по најновата европска шлаканица власта повторно да се крсти во ЕУ? Скандали - секој ден по еден, за одговорност граѓаните ќе почекаат. Се смирија ли духовите во чаирското крило на ДУИ или допрва несогласувањата со Изет Меџити ќе експлодираат. Колку кризата Македонија ќе ја заврши на предвремени избори? 

Интервју со Артан Груби - прв вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците.