Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Вилсон спречи подвиг на квалификантот Џоунс и го освои првиот трофеј во „Крусибл“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WeAreWST

Квалификантот Џек Џоунс се обиде да направи сензација на своето деби на Светското првенство во снукер, но не успеа да го совлада и поискусниот Кајрин Вилсон, кој стана 23. различен победник на престижниот турнир во „Крусибл“.

Англискиот играч го доби финалето во славната снукер сала во Шефилд со 18:14, остварувајќи го најголемиот успех во кариерата и правејќи еден важен чекор нанапред во однос на финалето во 2020 година, кога беше совладан од Рони О’Саливен.

Вилсон влезе со комотна предност од 17:11 во последната сесија, велшкиот ривал се закани со три освоени фрејма по ред, но не можеше да направи подвиг и на крајот мораше да му честита на човекот кој заработи 500.000 фунти од победата на најважниот турнир секоја сезона.

На патот до финалето, Вилсон ги победи и Доминик Дејл, Џо О’Конор, четирикратниот шампион Џон Хигинс и Дејвид Гилберт.

Џоунс ги воодушеви снукер фановите со својот настап, беше само деветти квалификант кој стигнал до финалето, па иако на крајот не стана трет квалификант во историјата кој триумфирал во „Крусибл“, најави блескава иднина и со овој резултат ќе стигне до 14. место на светскиот ранкинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни