ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК соопшти колкава е излезноста во првиот круг од претседателските избори

Излезноста на првиот круг од претседателските избори, според статистиката на ДИК, изнесува околу 48,46%, односно 801.074 гласачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

Како што кажа тој, изборниот ден поминал мирно, без посериозни проблеми и нарушувања на гласачките места.

Општина со најголема излезност е Новаци, каде на гласање излегле 71% од гласачите. Најмала е излезноста во Центар Жупа, каде на гласачките места се појавиле 16,9%.

Од ДИК информираа дека првичните резултати од изборите ќе бидат објавени околу полноќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button