Реал нема загубено финале од 1981 година, Винисиус порача: Одиме на 15-тата!

Реал Мадрид по рекорден 18-ти пат ќе игра во финалето на Лигата на шампионите. Од досегашните 17 финалиња, Кралскиот клуб освои 14 титули. Само трипати Кралот бил на колена, и тоа во 1962 година, кога загубил од Бенфика предовдена од Еузебио, потоа во 1964 година кога Интер победил предводен од Еленио Ерера, како и во 1981 година кога Ливерпул на Боб Пизли се радуваше.

Од таа 1981 година, Реал има осум европски титули во исто толку финалиња, и тоа во против Јувентус (1998 година), Валенсија (2000), Баер Леверкузен (2002), Атлетико Мадрид (2014 и 2016), Јувентус (2017), како и Ливерпул (2018 и 2022 година).

Еден од најдобрите играчи на Реал во оваа сезона, Бразилецот Винисиус јуниор најави дека фановите на мадридскиот гигант треба да се подготват за освојување на 15-тиот трофеј во елитната лига на Европа.

„Ние сме Реал Мадрид и секогаш веруваме во себе. Кога играме на домашен терен тимот чувствува посебно единствно, и тоа секогаш ја прави разликата. Среќен сум што можам да играм за овој тим. Одиме да ја освоиме 15-тата титула“, рече Винисиус.

Во финалето кое на 1 јуни ќе се игра на „Вембли“, дури четворица фудбалери на Реал ќе имаат шанса да го израмнат апсолутниот рекорд на Пако Хенто, кој има шест европски титули. Сега рамо до рамо со Хенто може да застанат Лука Модриќ, Тони Крос, Дани Карвахал и Начо.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести