Први полуфинални битки во Купот: Вардар сонува финале, Шкендија против Струга брка двојна круна

Денеска се играат првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија, во кој четири екипи ќе се борат за пласман во финалето и битка за големиот трофеј, а воедно и за некои екипи тоа би значело и излез на меѓународна сцена.

Вардар, кој има одличен пролетен дел игра против Брера на домашен терен, во обид да направи што подобра предност пред реваншот во Струмица. Од друга страна, пак, за Брера е важно да го обезбеди опстанокот во Првата лига, со оглед дека тимот игра очајно пролетва, и се најде на последното место, а пред неколку дена дојде и до тренерска смена, па Панче Стојанов беше назначен за нов тренер.

„Црвено-црните“, пак, ако сакаат излез во Европа, тогаш ќе мора да го освојат Купот. Пред неколку дена ја победија Брера среде Струмица со 0-2, и сега се надеваат на исто сценарио и на домашен терен.

Вториот полуфинален меч се игра во Тетово. Пред празни трибини, Шкендија ја дочекува Струга ТЛ. Тетовските „црвено-црните“ сезонава имаат шанса за двојна круна, со оглед дека се првопласирани на табелата во Првата лига, и бегаат четири бода. Ова им е шанса да дојдат до двојна круна.

Од друга страна, со оглед дека Струга ТЛ е далеку од местата кои носат во Европа, тогаш за нив ова е единствена шанса да излезат на меѓународна сцена идната година. Струга ТЛ воедно нема пехар во Купот, со надеж дека оваа сезона ќе успее да го освои.

ПОЛУФИНАЛЕ НА КУП, ПРВИ НАТПРЕВАРИ

ДЕНЕСКА, 16:00 ЧАСОТ

Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

Скопје, нац. Арена „Тодор Проески“: ВАРДАР – АП БРЕРА

Се вчитува...