Чаби Алонсо откри која е следната мисија на Баер и тоа пред едно од најтешките гостувања

Баер Леверкузен игра историска сезона. Тимот за прв пат стана германски првак и тоа на убедлив начин. Фармацевтите доминираат на фудбалската сцена и немаат ниту еден пораз сезонава. Одиграа 44 средби во сите натпреварувања во кои забележаа дури 38 победи, а само шест пати ремизираа.

Со овие резултати, Баер Леверкузен руши многу рекорди. Тренерот Чаби Алонсо вели дека следна цел на неговата екипа е да ја заврши сезоната без пораз.

„Првенството е решено, барем кога се работи за титулата, но сезоната уште не е завршена. Сакаме да го испочитуваме секој противник до крајот. Главната цел ја остваривме и станавме шампиони, но сега сакаме сезоната да ја завршиме без ниту еден пораз, а за тоа да го направиме треба да одиграме уште пет натпревари“, вели Алонсо и тоа пред едно од најтешките гостувања сезонава.

Фармацевтите утре ќе играат на гости кај Борусија Дортмунд, каде на „Сигнал Идуна Парк“ ќе има 80.000 домашни навивачи кои ќе сакаат да бидат сведоци на првата капитулација на Баер за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести