Вести Македонија Најважни

Македонија доби претседателка – Силјановска во Вила Водно, Пендаровски се враќа на Американ колеџ

Четири дена по изборите, точно на денот кога завршува мандатот на претходниот претседател, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова ќе положи заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите. Инаугуративната седница ќе биде последната обврска за досегашните пратеници. Ќе биде закажана, откако спикерот Митрески ќе го добие Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК), кој ќе нотира дека таа добила над 560.700 гласови наспроти Стево Пендаровски со 251.700.

Силјановска e професор на Правниот факултет во Скопје, а последните четири години беше пратеник од опозициските редови. Ветува дека ќе биде претседател на сите и дека ќе ги брани државните и националните интереси. 

Како поранешен претседател, Стево Пендаровски има право на канцеларија, советник, возач, годишен буџет и висока пензија, но, одбра да се врати на Факултетот за политички науки на Американ колеџ. Поразот го призна неколку часа по гласањето, но и натаму верува во својот концепт. Верува и дека трката би била понеизвесна доколку немало бојкот на претседателските избори. 

Силјановска е шестиот претседател на независна Македонија. Киро Глигоров и Ѓорге Иванов добија по два мандати, а Борис Трајковски и Бранко Црвенковски по еден.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе