Фудбал

Баерн Минхен пред мечот во ЛШ останува без Мусиала поради повреда

Баерн Минхен пред мечот во ЛШ останува без Мусиала поради повреда

Победата на Баерн Минхен во последното коло од Германската Бундес Лига остана во сенка на повредата на Мусиала.

Во 55. минута без да оствари контакт со противникот и остана да лежи на теренот. Мораше да биде заменет поради проблем со задната ложа.

На овој начин продолжија големите проблеми со повредите за Баерн кој на овој натпревар одигра без дури седум повредени играчи.

На нив се придружи напаѓачот Мусиала, кој постигна 18 гола и постави осум гола на 40 натпревари оваа сезона.

Младиот (22) офанзивец на вкупно 208 настаапи за Баерн има 61 гол и намести 38 гола. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 140 милиони евра.

To top