Трагедија во Америка: Најмалку две лица загинаа во пукање на забава, 14 се повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени во пукање на забава во соседството во Мемфис, Тенеси, соопшти локалната полиција.

Тројца од повредените се пренесени во болници во критична состојба, додека 11 лица се пренесени во болниците со приватни возила, соопшти полицијата во Мемфис во објавата на платформата X.

Како што се додава, забавата била организирана без дозвола.

На настанот во саботата вечерта присуствуваа меѓу 200 и 300 луѓе, пренесува Ројтерс.