Свет

Нетанјаху сака брзо одобрение од владата за нападот во Рафах

Нетанјаху не се согласува со прекин на огнот во Газа: Ја продолжуваме војната до крај

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака брзо одобрување од владата за плановите за контроверзна воена офанзива врз јужниот крајбрежен град Рафах и покрај разговорите за прекин на огнот во војната во Газа.

Тој ќе ја свика владата, за да го одобри оперативниот план, објави тој во вчера вечерта на X, поранешен Твитер. Планот ќе вклучува принудно отстранување на цивилното население.

Напредувањето на израелската армија кон Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, се смета за многу проблематично бидејќи сега таму живеат околу 1,5 милиони Палестинци. Повеќето од нив избегале од војната од другите делови на тој крајбрежен простор.

Во Рафах живеат во мизерни услови, најчесто во шатори или на улица.

Нивната евакуација изгледа тешко изводлива бидејќи другите делови на Појасот Газа се уништени или ја немаат потребната инфраструктура за сместување на толку голем број луѓе.

На почеток