Тринаесеттото издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“ ќе се одржи од 24 до 26 ноември во Кинотека. На него ќе бидат прикажани 39 куси анимирани филмови во официјалната програма и 8 анимирани филмови кои се наменети за детската публика. Филмовите за официјална конкуренција се избрани од пријавениот рекорден број анимации, меѓу кои најголем број од: Франција, Англија, Германија, Шпанија, Русија, Кина, ...

Скопје, 26.11.2022 – Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ на авторот Кс Жанг е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот анимиран филм „Со негова милост“, додека Бронзената Тулa ја доби корејскиот филм „Куклена приказна“ на авторот Парк се Хонг. За најдобар филм за деца беше награден македонскиот филм ...