Закани, високи камати – граѓаните во Штип согласни – брзите кредити уништуваат бракови и семејства

Се повеќе граѓани подигаат брзи кредити и мака мачат со испалаќање на кредитите и уште повисоките рати од камата. Дополнително, се почесто се случуваат и измами кога се во прашање брзите кредити, па има и такви кои плаќаат за кредит кој никогаш не го зеле, и враќаат пари кои никогаш не ги потрошиле. Граѓаните во Штип на терен велат дека ваквите финансиски друштва се лош пример за младите, оти се задолжуваат, тешко ги исплаќаат кредитите, па одовде со соочуваат и со низа други проблеми како закани и слично.

„Брзите кредити не се добри, не треба вака да им се дозволува да се земаат, треба на лице место. Тоа се злоупотребува. Земат некои, бегаат, високи се каматите.“ – велат граѓаните.

Преставки со проблемите од брзите кредити посотојано пристигнуваа и до Народниот правобранител кој побара регулирање и решавање на овој проблем. Се работи на воспоставување ред односно да не може да се зема брз кредит без физичко присуство на физичкото лице. Целта е на ваков начин да се намали бројот на злоупотреби кои се прават при подигањето пари.

Лаура Стојанова М-Нет