Македонија Трибина на тема „Жени“

Силјановска Давкова: Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила

Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат, посочи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова: Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила

Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова за понеделник 6.5.2024 година, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

-Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци. Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат, посочи Силјановска Давкова.

 

Најнови вести од Македонија

To top