Вести Култура Топ вести

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Различни генерации на едно место во неговото Дебар маало, пред муралот„Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје!“, низ извадоци од неговите драми, музиката на „Леб и сол“. Голем број граѓани се собраа да го прослават роденденот на великанот на македонската драмска уметност Горан Стефановски.

„Јас верувам дека како што велеше татко ми приказната на еден народ е културата. На тој начин ние ја кажуваме нашата приказна и доколку нема нови генерации на нови млади уметници, писатели ние ќе ја изгубиме нашата приказна. Тоа не смее да се случи“, вели Игор Стефановски, син на Горан Стефановски.

Речиси секој драмски текст на Горан  Стефановски совршено ја отсликува во различни периоди реалноста која ја живееме.

„Има многу реплики, ама има една во „Одисеј“ што сега ја спомнав во едно интервју тоа е „Дома е таму каде што боли“. И тоа е нешто што јас го чувствувам бидејќи иако се вратив да живеам повторно во Македонија од Англија, па пак си заминав, секое врќање ми е и убаво и слатко-кисело, затоа што се што ќе видам, а ми пречи буквално ме боли. Дома е таму каде што ти е убаво да, ама таму каде што навистина боли да!“, порача Стефановски.

„Јас ја имав таа среќа да ја започнам кариерата со Горан Стефановски. Играв во Хај Фај. Ми беше прва претстава како вработена во Драмски театар, 1983 година беше таа претстава. Многу бев среќна што бев современик, што растев уметнички, театарски, меѓу другите великани и со Горан Стефановски“, изјави актерката Катерина Коцевска. 

Во рамки на чествувањето беше промовирана и книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф. д-р Додовски.

Во изведба на бендот „Сешн селекшн“, по текстови на Горан Стефановски. беа изведени култните песни на „Леб и сол“.

„Имаат тежина, одличен фазон и градски урбан шмек. Што мене ми е особено драго, го имаат шармот на Југославија и ја чувствувам силата и сфаќам зошто биле голем бенд“, изјави музичарот Владимир Поп Христов.

Во меѓувреме универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на предлог на Ректорската управа, донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ), каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија.

Драмски театар, на денот на роденденот на Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст кој ќе се избира по пат на јавен конкурс. Во чест на роденденот на Горан Стефановски, вечерва во албанскиот театар ќе игра „Диво Месо“ во режија на Мартин Кочовски.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе