7-годишно девојче продава лимонада на улица за да собере голема сума пари: Причината за нејзиниот потег НОСИ СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ

За големите, човечки дела, возраста никогаш не била пречка. Вакво нешто штотуку докажа едно мало 7-годишно девојче кое собирајќи пари од продажба на лимонада на улица, се одлучи на потег кој го расплака светот.

Имено, седумгодишната Емори Џонсон од Алабама во Америка собрала доволно пари од продажба на лимонада за да купи соодветен надгробен камен за нејзината покојна мајка Карли Борднер , откако таа неочекувано починала на 13 март оваа година.

Карли почина само неколку дена пред нејзиниот 30-ти роденден и беше погребана неколку дена подоцна.

Првиот пат кога Емори отишла на гробиштата во Гантерсвил со нејзината баба Џенифер, била вознемирена затоа што нејзината мајка немала надгробна плоча.

Изгледаше како да е заборавена“, рекло малото девојче.

Бабата потоа и објаснила на својата внука дека семејството нема средства да и дозволи на нејзината мајка споменик каков што треба да има, па затоа Емури веднаш дошол на идеја како да собере пари – со отворање штанд за лимонада. 

Собрани околу 14.000 евра

Штандот започна со само четири лимони, но донациите брзо се надополнија.

На почетокот Емури никому не ја кажа причината за нејзината продажба, но брзо се рашири веста низ градот и голем број добри граѓани излегоа на штандот да купат лимонада.

Иако цената на една лимонада беше само еден долар, минувачите често даваа многу повеќе.

„Благодарение на публицитетот, продавницата за споменик понуди да донира соодветен надгробен споменик. 15.000 долари (околу 14.000 евра) собрани на штандот сега ќе помогнат да се покријат трошоците за погреб “, сподели семејството на Емура во објава на Фејсбук.

Емури се уште е изненадена од тоа колку луѓе излегоа да ја поддржат неа и нејзиното семејство.

„Не знаев дека само малку лимонада ќе донесе толку многу луѓе во мојата куќа. Забавно е, но е неверојатно и тажно во исто време“, рекла таа.