Конектикат ја освои титулата во НЦАА лигата

Кошаркарите на Конектикат ја одбранија титулата во НЦАА шампионатот. Во големото финале го победија Пердју со резултат 75-60 и со тоа станаа првата екипа од 2007 година (шести вкупно) која го подигнала трофејот во две последователни сезони. Тогаш Флорида Гејторс го направија тоа.

Конектикат го предводеше Тристен Њутн со 20 поени, седум асистенции и пет скока, Стефон Касл додаде 15 поени, а Донован Килинген и Кам Спенсер по 11 поени.

Во тимот на Пердју најдобар беше Зек Иди со 37 поени  и 10 скока, што беше негов 30. дабл-дабл сезонава. Сепак, никој не се надоврза на неговата доминантна игра, па двоцифрен беше само Брејден Смит со 12 поени. Конектикат сега има 6-0 во финалните натпревари во колеџ кошарката.

Се вчитува...