Жена која им послужила отровни печурки на роднините на својот сопруг тврди дека е невина

49-годишната жена од Австралија, Ерин Патерсон, денеска пред судот се изјасни за невина по обвиненијата дека убила три лица со отровни печурки, а се обидела да убие уште двајца.

На 29 јули минатата година, Патерсон го поканила нејзиниот сопруг, неговите родители, нејзината тетка и нејзиниот сопруг на ручек, од кои само сопругот го откажал доаѓањето во последен момент, јавува Би-Би-Си.

Неколку часа по оброкот со зелените печурки вргањ, четворица од гостите почнале да се чувствуваат лошо, а по неколку дена сите починале од труење освен сопругот на тетката.

Полицијата го именувала Патерсон како осомничена откако таа била единствената која немала здравствени проблеми после тој оброк, а подоцна открила дека веќе три пати се обидела да го отруе својот сопруг.

Back to top button
Close