Вести Избори 2024 Македонија

Сефери во „Топ тема“: Проевропски наратив кај партиите од власта наспроти етноцентричен кај опозицијата, мислам дека Таравари и Османи се свесни дека не можат во втор круг

Кампањата не се разликува многу од минатите претседателски избори и би ги одвоил македонскиот и албанскиот блок, рече Сефер Тахири, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Пендаровски се обиде да наметне едно друго темпо во кампањата, во смисла на искажување на повеќе индивидуални ставови, односно да ја води кампањата паралелно со партиската. Професорката Силјановска си остана во тоа што се партиско-политички наративи на ВМРО-ДПМНЕ. За другите тројца кандидати, мислам дека се свесни оти учеството во овие избори е за зголемување на моќта на своите партии и заради промоција во пресрет на парламентарните избори“, смета Сефери за претседателски кандидати од македонскиот блок.

Од друга страна, вели тој, двајцата доктори Арбен Таравари и Бујар Османи покажаа еден вид на кампања дека се свесни оти немаат можност за втор круг.

„Но, се обидуваат на некој начин да наметнуваат енергија или такво темпо за парламентарните избори, односно психолошки да влијаат врз гласачите за парламентарните избори за сметка на нвните партии, односно коалиции. Сметам дека она што може да издвои е очекуваното – партиите од власта го наметнуваа евроцентричниот политички наратив во смисла дека ветуваат подобра европска, евроатлантска иднина. Тоа го прави и СДСМ и ДУИ. Очекувано од ВМРО-ДПМНЕ и професорката Силјановска, како кандидат на десно ориентирана политичка партија, преовладуваат етноцентричните наративи. Мислам дека слоганот „Горда Македонија“ се однесува само на Македонците“, вели Сефери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе