На 4 декември 2022 година, пет цивили загинаа, а седум беа повредени во руски напади на територијата на Украина, објави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
Според податоците од регионалните воени администрации, двајца цивили загинале, а тројца се повредени во областа Днипропетровск, двајца повредени во Доњецката област, еден убиен и двајца повредени во областа Харкив, двајца загинати во регионот Херсон.
Началникот на регионалната воена управа на Харкив, Олех Синиехубов објави на Телеграм дека утрото, руските војници извршиле ракетен напад врз Купијанск во регионот Харкив, при што загинала една жена.
„По 04:00 часот, Русите истрелаа ракети С-300 врз цивилната инфраструктура во Купијанск. Според прелиминарните податоци од органите на редот, една жена е убиена. Допрва ќе се проверат дополнителните детали“, напиша Синиехубов.
Дополнително, беше запалена автомеханичарска работилница, при што е причинета штета на возило. Оштетени се покривите на самостојните куќи.
Руските трупи, исто така, зизвршија артилериски напади врз области како Харкив, Чухуив и Изиум.
Едно лице загина, а уште три се повредени во рускиот ракетен напад врз Криви Рих, регионот Днипропетровск, изјави шефот на Регионалната воена управа на Днипропетровск, Валентин Резниченко, во објава на Телеграма.
„Трагична ноќ… Еден загина, тројца се ранети. По полноќ Русите лансираа три проектили врз Криви Рих. Цел на индустриско претпријатие“, напиша тој.
Во ракетниот напад загина вработен во претпријатието. Спасувачите го извлекле неговото тело од под урнатините на уништената фабрика.
Според првиот заменик-министер за внатрешни работи на Украина, Јевхен Јенин, над 9.400 цивили веќе се убиени во руското гранатирање на територијата на Украина.
Подготви: Д. Мишев