„До овој момент најодговорно тврдам дека ниту еден претставник на движењето ЗНАМ – за наша Македонија нема водено никакви разговори по основ на било какв можни коалиции со било кој политички субјект. За жал, ние подадовме рака кон раководството на СДСМ со одредени барања за кои тие не успеаја да се надминат себеси и штитејќи ги своите лични интереси ја ставија во залог комплетно социјалдемократијата, а се повикаа на наводно своја социјалдемократија со што не одбија и нас и граѓаните. Немаме разговарано ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со било кој друг политички субјект во државата“ рече лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски.
На прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје, Димитриевски рече дека ќе ги причекаат изборните резултати во среда по што партиските тела ќе донесат одлука за сите понатамошни чекори.
Прашан дали ќе дадат поддршка на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Димитриевски рече дека неговиот личен став е јасен и дека нема да ја повтори грешката што ја направил на минатите претседателски избори гласајќи за Стево Пендаровски, но дека членовите на партијата треба да гласаат по лично убедување. Според Димитриевски, потребно е да се избере претседател на државата за да се избегне било каква политичка криза.
Н. А.