„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски.

„Нека победи подобриот. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам, а граѓаните масовно излегуваат“, рече Таравари по гласањето.

Прашан за нерегуларности, Таравари изјави: „Ние сме навикнати на тие одредени притисоци, купување гласови, за кои постојат видео снимки. Но тоа ќе го објави штабот. Известени се релевантните институции и меѓународните претставништва“, рече Таравари.

Текстот „Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови е превземен од МАКФАКС.