Вечерва Артан Груби од ДУИ на ТВ21 најави дека утре Европскиот фронт со почеток во 13:00 часот во Чаир ќе одржи прес-конференција на која ќе побараат оставка од лидерите на ВРЕДИ. Груби рече дека ќе побараат од лидерите на албанската опозиција да му покажат на нотарот каде поднеле оставки.

„Од ова студио сакам да побарам итна оставка од Изет Меџити за спектакуларната загуба во Чаир, Арбен Таравари за загубата во сопствената куќа во Гостивар, Билал Касами за загубата во Тетово, Африм Гаши… Не знам каде загуби, дури и од тој претседател на општина Желино, Блерим Сејди, и од него, за спектакуларната загуба во Желино“, изјави Груби на ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.