Олимпијакос ја „здроби“ Барселона и се избори за мајсторка

Олимпијакос извојува убедлива победа од 92-58 против Барселона во четвртиот меѓусебен натпревар од четвртфиналната пресметка во Евролигата, и се избори за мајсторка преку која ќе се одлучува за местото на Ф4 турнирот.

Грците, по претходниот пораз, сега тотално доминираа на мечот иако Барселона имаше подобар старт со добиена прва четвртина. Но, останатите три периоди од играта целосно му припаднаа на Олимпијакос.

МекКисик беше одличен со 21 поен и шест скока, а Канан заврши со 12 постигнати поени. Паркер беше најдобар кај Барселона со само 10 постигнати поени, и два скока.

Се вчитува...