Airbnb ги забрани безбедносните камери во затворени простории

Airbnb ја забранува употребата на безбедносни камери во затворени простории во имотите кои се изнајмуваат на нивната платформа, пренесува Н1.

Претходно, Airbnb им дозволуваше на домаќините да имаат внатрешни безбедносни камери во заедничките простории се додека уредите беа јасно наведени на огласните страници и поставени на видливи места на имотот.

Сепак, безбедносните камери во затворени простории никогаш не биле дозволени во места како што се спални и купатила.

Меѓутоа, вчера од компанијата објавија дека внатрешните безбедносни камери се забранети во секој објект, без разлика каде се наоѓаат, која е нивната намена или дали е познато дека се вклучени.

„Нашата цел беше да создадеме нови, јасни правила кои ѝ даваат на нашата заедница поголема јасност за тоа што може да очекуваат на Airbnb“, соопшти Џунипер Даунс од Airbnb на блогот на компанијата.

Надворешните безбедносни камери, како што се камерите на ѕвончиња, сè уште ќе бидат дозволени на платформата.