Израел и Иран се обидуваат премолчно да минат преку нападот на Исфахан

Израелските медиуми ги наведуваат странските извештаи во петокот за израелскиот напад врз Иран, бидејќи немаше официјални коментари, додека извештаите на иранската телевизија го минимизираа значењето на нападот како шпто тоа го стори и Израел при минатонеделниот ирански напади во израелска територија, а во многу од нив дури и не го споменува „ционистичкиот ентитет“, како што Иран го нарекува Израел.

Нападот врз централниот ирански град Исфахан се чини дека не предизвикал значителна штета, а тивкото минување преку него во двете земји укажува на решеност да не се ескалира конфликтот, барем засега.

Во интервју за државната телевизија, жител на Исфахан ги опиша експлозиите во раните утрински часови како „ништо повеќе од петарди“.

Израелската армија и Министерството за надворешни работи не сакаа да го коментираат нападот, а високите израелски политичари допрва треба јавно да го коментираат, освен министерот за безбедност Итамар Бен-Гвир, кој објави само еден збор на платформата Х: „Слабичко!“.

Израелските медиуми пренесоа извештаи од американските весници The New York Times и The Washington Post, кои цитираат неименувани израелски официјални лица кои потврдуваат дека Израел стои зад нападот, но не добиле официјална потврда од израелските власти.

Израел традиционално е нејасен за важни прашања како што се нуклеарното оружје и разузнавачките операции, а молкот е дел од неговиот начин на комуникација. Израел, исто така, многи ретко изминатата децанија официјално ги потврдуваше неговите удари во Сирија врз ирански интереси и цели во соседната земја.

Колумнистот во најголемиот израелски весник Yedioth Ahronoth пред нападот напиша дека официјален претставник му рекол дека Израел планира „мала и прецизна операција“. Тој цитираше приказна од Библијата во која идниот крал Давид му се прикрал на непријателот додека спиел и му отсекол парче од облеката како доказ дека можел да му нанесе фатален удар, но не сакал.

„Мислам дека на крајот тоа е предупредувачка порака дека Израел може да одговори и да го притисне Иран ако сака, но не сака да го прошири тој конфликт сега“, вели за Reuters Хасан Алхасан, експерт за блискоисточна политика во Меѓународниот институт за стратешки студии.

Позицијата на Иран беше јасно дадена од висок ирански функционер кој за Reuters изјави дека Техеран сега не планира да одговори.

Иранските медиуми се обидуваат да го минимизираат значењето на нападот. Во официјалните изјави речиси и да не се споменува дека зад нападот стои Израел, односно како што обично велат „ционистичкиот ентитет“. Државната телевизија објави изјави на аналитичари и други експерти, од кои сите го минимизираа значењето и обемот на нападот.

Полуофицијалната агенција ISNA објави дека кружи „измислица“ која има за цел „да ги преувеличи размерите на инцидентот“.

Ескалацијата уследи по израелскиот напад на 1-ви април врз иранската амбасада во Дамаск, во кој загинаа седум ирански високо рангирани воени офицери и конзуларни службеници. Иран минатиот викенд одговори со напад, за кој тврди дека бил најавен 72 часа однапред кај главните сојузници на Израел и кај земјите во регионот, со беспилотни летала и ракетен напад врз Израел. Израел и неговите сојузници пресретнале најголем број од нив, имајќи предвид на оддалеченоста од 1.700 километри меѓу двете земји. Но израелските официјални и медиумски извештаи само спомнуваат „мала штета“ во воздухопловната база во постината Нагев. Техеран, пак, тврди дека сите седум хиперсонични проектили ја пробиле противвоздишната одбрана и оти погодиле воени бази на двата крала од еврејската држава.

Денешната реакција на Иран, сепак, сигнализира дека Исламската Република не сака ескалација.

„Се чини дека тоа укажува дека Иран се обидува да се повлече, да го минимизира влијанието на нападот и можеби да се спушти на скалата на ескалација“, толкува Џонатан Лорд, директор на програмата за безбедност на Блискиот исток во Центарот за нова американска безбедност, тинк-тенк со седиште во САД.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси одлучи да не ја прекине посетата на централната провинција Семнан, што докажува дека земјата не е во вонредна состојба, а израелските граѓани не добиле никакви нови инструкции од властите. Сепак, порача дека на секој следен израелски напад, Иран жестоко ќе одговори.

Анкетите во Израел покажуваат дека мнозинството граѓани не сакаат одмазда. Анкетата, чии резултати беа објавени во четвртокот, покажа дека 48 отсто од испитаниците поддржуваат одговор иако тоа би значело проширување на конфликтот, а 52 отсто би сакале Израел да не одговори.