Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.

Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).

Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.

Текстот Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид е превземен од МАКФАКС.