Маск најави нови промени на X платформата

t

Илон Маск најави нови промени на платформата X кои ќе овозможат одредени сметки да отклучуваат бесплатни премиум функции.

„Во иднина, сите X профили со повеќе од 2.500 верифицирани следбеници ќе добиваат Premium функции бесплатно, а профилите со над 5.000 ќе добиваат Premium+ бесплатно“, рече Маск, според Time.

Претходно, X Premium функциите ги чинеа корисниците осум долари месечно и вклучуваа можност за споделување подолги објави и прикачување видеа, добиваа поголем приоритет и корисниците ќе добиваат помалку реклами.
Корисниците на X Premium+ ги добиваат сите функции, но без реклами, како и пристап до генеративниот chatbot Grok напојуван со вештачка интелигенција.

Маск го купи поранешниот Twitter за 44 милијарди долари во април 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Битиќи: Во среда да гласаме и…

„Ви се обраќам со длабоко чувство за…

Германската партија ЦДУ расчистува со ерата на…

Германската конзервативна ЦДУ ќе се собере на…

ЦУК: Пожари во Скопје и Битола, гореа…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио…

Според шефицата на Светската програма за храна…