Ковачевски конечно призна дека се сретнал со израелскиот пи-ар стратег Асаф Есин

Ковачевски конечно призна дека се сретнал со израелскиот пи-ар стратег Асаф Есин

Димитар Ковачевски призна дека се сретнал со израелскиот пи-ар стратег Асаф Есин за кој претседателкскиот кандидат го издаде дека бил консултант на СДСМ. Одговорот беше изнуден од екс-премиерот откако неколкупати Алфа го поставуваше истото прашање – по инсистирање да каже „Колку пати се сретнал со медиумскиот гуру“, Ковачевски призна дека имало средба.

Јас сум имал повеќе средби со агенции…..

– Го знаеме тој одговор господине Ковачевски, но конкретно, дали се сретнавте со Еисин?, прашавме.

– Чекајте ќе ви одговорам….

– Дали се сретнавте? Да се сретнав, како и со дузина други што сум се сретнал, одговори претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека oд договорите кои што се потпишани и од извештаите кои што секоја партија има обврска да ги поднесе до ревизорските институции согласно закон на крајот ќе може да сe види кој работел на кампањата.

Оваа изјава на Ковачевски доаѓа после месец дена избегнување да ја каже вистината. Откако опозицијата објави дека незаконски ангажирале странски стратег за предизборните кампањи, од кабинетот на Стево Пендаровски признаа дека имал средба со Еисин ама таа средба ја организирале СДСМ, „каде бил анкажиран како консултант“. Овие информации Димитар Ковачевски пред еден месец ги офрли како неточни. Но никогаш до сега не кажа дали се сретнал или не.

Имате вие таков консултант? Бидејќи од Кабинетот на Пендаровски рекоа дека Асаф Еисин е консултант на СДСМ? , прашавме на 21 март

– Не, немам таков консултант, одговори Ковачевски.

Претходно и Пендаровски призна дека Израелецот бил кај него во кабинет и му ја понудил програмата за предизборна кампања но тој го пратил кај тие што го поддржувале.

Израелскиот медиумски гуру и неговата вклученост во кампањата на Стево Пендаровски и СДСМ веќе е под лупа на обвинителите, а реакција се очекува и од Антикорупциска.

Опозицијата подолго време предупредува дека Асаф Еисин наводно бил ангажиран на црно и прашува неговите скапи хонорари биле платени со испумпани пари од државните електрани преку сомнителни тендери, пред се со „Марковски Компани“, фирма во сопственост на белорускиот почесен конзул која важи за исклучително блиска до СДСМ. Ако Израелецот работи, како што предупредува ВМРО-ДПМНЕ, на црно и е плаќан со државни провизии под маса, тоа секако нема да се види во финансиските извештаи за кои зборува Димитар Ковачевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста