Вчера, околу 800 служби за итни случаи формираа 1,5 километар долг човечки ланец за да го пронајдат Аријан (6), кому во понеделникот му се изгуби секој траг.Исчезна во Бремерверде-Елм во Долна Саксонија, пишува магазинот „Феникс“.
Германската новинска агенција ДПА јавува дека од вчераутро се пребарува областа северно од куќата на исчезнатото дете. Во изминативе неколку денови таму се пронајдени бројни траги.
Во потрагата се користат и беспилотни летала (дронови), а по Аријан трага и коњички тим. Вкупно околу 1.200 луѓе ќе бидат на должност, потврди портпаролот на полицијата за „ТАГ24“. А, очигледно ќе се бара по околните полиња и ливади на земјоделците, како што покажува моментната порака за опасност од апликацијата Катвран (KATWARN).
„Поради тековната потрага, итно се замолуваат земјоделците да се воздржат од косење на нивите во радиус од 15 километри од градот Елмо“, побараа надлежните од итните служби.Не е исклучено исчезнатото момче таму да побарало засолниште.
Трагачите го превртуваат секој камен и ја следат секоја трага што може да помогне во пронаоѓањето на аутистичното дете.
Во саботата екипите ја пребараа и реката Осте со неколку сонарни чамци.
Дополнителни служби за итни случаи ја чешлаат областа помеѓу градот Елм и општината Олдендорф.
За време на потрагата по момчето се пуштале на разглас, меѓу другото, пораки од неговата мајка, беше кажано во саботата.
Балони наполнети со хелиум и бонбони и други слатки работи се бесат по дрвјата за да го привлечат шестгодишното дете. Но, засега без успех, пишува магазинот „Феникс“.
(Фото: Илустрација / Профимедиа)