Една година боцкање

Денес славиме една година од почетокот на боцкањето наречено Трн. Од првиот ден Трн.мк е отворена платформа за промоција на различните чинители од прогресивното македонско општество – уметниците, активистите, граѓанските организации, заедниците, институциите, стартапите.
Една година испорачуваме содржини кои се информативни, возбудливи, човечни и кои ве поттикнуваат на размислување, а и го прават денот подобар.
Денес, му искажуваме и немерлива почит и благодарност на нашиот Мирко Попов, кој беше олицетворение на идеите кои ги застапуваме во Трн и наш другар, соборец и вечна инспирација.
Ви благодариме што сте со нас сето ова време и за поддршката која ни ја давате. Без вас ние не постоиме!
Боцкајте често и боцкајте вистински!
Само Ваш,
Трн

- Реклама -