Познатите спортисти често се мета на разбојниците, а меѓу оние кои последни на своја кожа ја почувствуваа оваа „епидемија на кражби“, како што ја нарекуваат странските медиуми, е легендарниот кошаркар Пол Пирс.

Овој пат за овој глобален проблем говореше еден од најпопуларните УФЦ борци и шампион во бантам категоријата, Шон О‘Мајли, кој во својата кариера има 18 победи, едно реми и ниту еден пораз.

  • Луѓето постојано ми ја наоѓаат успешно мојата еб*на куќа. Не сум сигурен, но ми се чини дека некои крадци сакаат да ме ограбат. Доаѓаат во куќата и си велат: „Овој е богат, има пари, има скапи работи“. Но, тие не знаат дека сум подготвен да ги убијам. Шетам низ куќата со наполнета пушка. Се шетам низ куќата со автоматска пушка, истакна О‘Мајли.

Потоа тој се осврна на фактот дека неколку борци како Чито Вера и Сирил Гане веќе пријавиле дека им биле ограбени домовите.

  • Попрво би ставил знак на патот на кој пишува дека можеш да застрелаш ако го поминеш прагот од домот. Навивачите… ме сакаат, но тоа не значи дека можат да дојдат кај мене дома. Не доаѓаат пред мојот дом. Моето обезбедување постави камери, светла со сензор за движење, беше многу скапо. Пред некоја вечер се шетав по имотот со наполнет пиштол бидејќи видов непознат автомобил пред куќата. Кога моето семејство е дома, не е шега, немој да си играте!