Палмер е незадржлив, даде четири гола против Евертон

Екипата на Челзи победи на „Стемфорд бриџ“ против Евертон со 6:0 во меч од 33-тото коло на Премиер лигата. Кол Палмер повторно блескаше и беше вистински предводник на тимот. Уште во првиот половина час од мечот, Палмер постигна хет-трик, а во второто полувреме направи и „покер” потврдувајќи дека е во одлична форма.

Во претходното коло на „Стемфорд бриџ“, Палмер беше херојот на Челзи откако постигна хет-трик, од кои два гола во неверојатниот финиш (погодоци во 99-тата и стотата минута) за победа над Манчестер јунајтед.

Претходно тој даде и два погодоци во ремито на домашен терен против Барнли. Тоа значи дека Палмер во само 15 денови на три меча пред своите навивачи постигна дури девет погодоци.
Палмер постави и клупски рекорд со тоа што стана првиот играч на Челзи што постигнува барем по еден гол на седум првенствени дуели по ред на „Стемфорд бриџ”.

Челзи со оваа победа стигна до 47 бода и е на деветото место на табелата, додека Евертон остана на 27 бодови и е само на два бода од зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести