Свет

Малата Данка денеска би наполнила 2 години, родителите со емотивни пораки

Родителите на убиеното девојче од Србија, Данка Илиќ, Ивана и Милош, објавија емотивни пораки на Фејсбук. Нивната ќерка вчера требаше да наполни две години.

“Љубов наша, денес требаше да дувнеш втора свеќа. Не дадоа да бидеме среќни. Додека не има нас, ќе те има и тебе. Те сакаме најмногу. Дедо ти Лаза, тато и мама”, напишаа родителите на Фејсбук.

Случајот со Данка Илиќ се уште нема јасен епилог. Потрагата по телото на девојчето се уште трае, иако српската полиција соопшти дека сторителите кои го признале убиството се уапсени. Данка исчезна на 26 март во Бањско Поље, село кај Бор.

На почеток