СВЕТ

Израелската армија нареди евакуација на Рафах пред планираната воена операција

Израелската армија нареди евакуација на Рафах пред планираната воена операција

Израелската армија им нареди на Палестинците што живеат во населбите во источниот дел од Рафах, во близина на границата со Израел, да се евакуираат од областа пред планираната воена операција во градот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека наредбата за евакуација на околу 100 000 луѓе дошла пред „воен напад“ кој го оценија за операција со „ограничен опсег“.

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

На лицата на кои им е наредена евакуација, како што соопшти израелската армија, им било кажано да се движат кон камповите за раселени лица во областите Кан Јунис и Ал-Маваси.

„Луѓето треба да одат во ‘проширена хуманитарна област’ во областа Ал-Маваси. Таму има храна, вода и лекови. Армијата исто така постави теренски болници“, рече портпаролот на Израелските одбранбени сили.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања претходно соопшти дека израелскиот копнен напад врз Рафах ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе голем удар на хуманитарните активности на целата палестинска територија./360stepeni/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button