Партизан ја прекина црната серија: Победа за брусење на формата и излез од агонијата

Партизан успеа да победи на гостувањето кај Игокеа во рамки на натпреварот од АБА лигата (98:52) и на тој начин ја запреа црната серија која ги следи на пет натпревари на кои претходно немаа победа.

Долго ја исчекуваа фановите на Партизан оваа победа, уште од 22. јануари, кога последен пат славеа против Мега. Овој пат во Лакташи немаше резултатска неизвесност, Партизан уште на почетокот реши да покаже колку е посилен во класи.

Оваа победа мораше да дојде вечерва, а веројатно ќе им помогне многу при подигање на самодовербата за остатокот од сезоната, каде посебно во Евролигата, ќе мора драматично да се поправат на подобро.

Најефикасен во редовите на Партизан беше Матеуш Понитка, Полјакот го одигра веројатно и најдобриот натпревар во дресот на Партизан, уфрли 16 поени, имаше три скока, две асистенции и една украдена топка.

Бруно Кабокло придодаде 14 поени, Копривница се истакна со 13 поени, па следуваа Тристан Вукчевиќ и Пи Џеј Доузер со по 11 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО