Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Од:

Руски државјанин (57) во саботата навечер со нож избодел двајца Украинци во трговски центар во Мурнау, Германија.

Според соопштението на баварската полиција, првата жртва, 36-годишен Украинец, починала на местото на настанот, а 23-годишен маж вечерта во болница им подлегнал на повредите.

Баварската полиција соопшти дека 57-годишен Русин е уапсен „на домашна адреса недалеку од местото на злосторството“.

„Веднаш била известена итна помош и на лице место било констатирано дека едно од лицата веќе им подлегнало на тешките повреди. Другиот маж, за кој било констатирано дека е тешко повреден, починал откако бил пренесен во блиската болница, и покрај обидите да го оживеат“, се вели во соопштението на полицијата.

Истрагата е во тек, а баварската полиција ги повика сведоците да излезат за да им помогнат да го утврдат мотивот за нападот, пишува Киев пост.

Би можело да ве интересира

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Руски наредник уби командант и пет војници

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин