Германија
Ридигер даде целосно образложение за гестот поради кој го поврзаа со ИСИС (Фото)
Антонио Ридигер одигра два одлични натпревари против Франција и Холандија и прераснува во вистински лидер во одбраната на Германија, но истовремено мораше да се соочува и со една непријатна ситуација која го стави во средина на скандал.
Познатиот новинар Јулијан Рајхелт го поврза стоперот на Реал Мадрид со екстремистичката група ИСИС поради една негова објава на социјалните мрежи, со која всушност Тони само сакаше да ги поздрави муслиманските верници кои го започнуваат долгиот пост.
Покажаниот прст кон небото предизвика многу контроверзи во Германија и сега стигна потврда дека случајот ќе заврши на суд, откако Ридигер поднесе тужба за клевета против Рајхелт, кој пак тврдеше дека подигнатиот прст има и препознатливо значење за славење победа на исламистите за жртвите кои ги оставаат за себе.
Бидејќи во изминатите два дена се крена голема прашина за објавата која е стара две недели, Ридигер сега реши да се јави со официјално соопштение, а при обраќањето се заблагодари на германската Федерација која застана зад фудбалерот.
– Како знак на означување на рамазанскиот месец, објавив пост на Инстаграм. Фотографијата е на социјалната мрежа 13 дена и ја видоа неколку милиони луѓе и апсолутно никој не кажа лош збор. Меѓутоа, во изминатите неколку дена оваа фотографија беше искористена од индивидуалец за да изнесе неосновани оптужби. Гестикулацијата која ја користам се нарекува „тахвид“, тоа го означува симболот на единственото и единствениот Бог.
– Оваа гестикулација е раширена меѓу муслиманите ширум светот и не претставуваше проблем за германските власти. Како вистински муслиман, јас сум голем верник и се дистанцирам од било каков екстремизам и оптужби за радикален исламизам. Насилството и тероризмот се неприфатливи, се борам за мир и толеранција. Почитта и толеранцијата се основни принципи во моето семејство. Јасно ми е дека на овој начин им овозможив на трети лица да добијат значење поради мојот потег и намерно да донесат погрешно толкување за да предизвикаат поделби. Поради тоа решив се да расчистам. Нема да дозволам да ме навредуваат и да ме претставуваат како исламист. Решив да поднесам тужба бидејќ тука се работи за пропаганда и предизвикување поделба. Секогаш одлучно ќе се бранам од такви работи, – потенцира Ридигер.
-
Шпанијапред 20 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 21 час
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 18 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Италијапред 24 часа
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец
-
НБАпред 17 часа
Јокиќ го исфрустрира ЛеБрон во еден дуел, изразот на лицето на Џејмс стана вирален (Видео)
-
Балканпред 10 часа
Барди: Во еден период бев подобар од Меси…
-
Лига на шампионипред 12 часа
Признание за најдобрата македонска судијка: Пројковска ќе суди полуфинале во ЛШ
-
Англијапред 22 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)