еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) „Дивелоп груп“ блиска до Мијалков гради хотел во Охрид, велат од „О2 Инцијатива„

Градежната компанија „Дивелоп груп“ блиска до поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е во затвор во Струга, почнала со изградба на луксузен хотел во Горица 3, на земјиште кое компанијата го купила пред дестина години, информираа од „О2 Инцијатива„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП, меѓу нив се уште и фирмите кои се поврзуваат со Мијалков

Станува збор за површина од 15.778 м2.

Компанијата е во сопственост на Александар Ивановски – познат како Алек Теранова и Бест Веј Инвестментс ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Јордан Мијалков, синот на Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ни Чак Норис не може да си купи стан сам од себе“: Твитер реакции за Мијалков чии конфискувани станови ги купи неговиот син

Синот на Мијалков купи три станови на татко му на Водно, објави Призма

Од невладината направиле и детален преглед за продажбата на земјиштето, за кое оглас за продажба е објавен на почетокот на 2011 година, а на истото било планирано изградба на хотел.

-На одржаното јавно наддавање, постигната е највисока цена од 4.010 денари за метар квадратен, односно за вкупната површина од 15.878 метри квадратни е постигната сума од 63 милиони и 670 илјади денари. Земјиштето го добива „Дивелоп груп“ ДООЕЛ Скопје. Со оваа фирма се поврзуваа имињата на Јордан Камчев и Сашо Мијалков, кои имаа одреден удел.

Градежните работи започнуваат сега безмалку 12 години откако е издадено одобрението за градба,.велат од .„О2 Инцијатива„.

Фото: „О2 Инцијатива„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на МВР за телекомуникациски услуги вреден 5,7 милиони евра

Редакција

Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата, порачуваат од Грција

Редакција

Што пишува во анализата на ИФИМЕС, за која македонскиот амбасадор во Софија беше повикан во бугарското МНР

Редакција