Откриен планот на Реал Мадрид за Лука Модриќ

Престојното лето може да донесе крај на една ера во Реал Мадрид со заминување на Лука Модриќ. Хрватскиот виртуоз е дел од „кралскиот тим“ од 2012 година, а на крајот на летото му истекува договорот кој шпанскиот клуб не сака да го продолжи со оглед на годините на играчот од средниот ред.

Реал Мадрид смета дека е време за разделба, но не сака тоа да му го соопшти на 38-годишната клупската легенда па ќе го остави самиот да дојде до заклучок и сам да му соопшти на раководството дека заминува, откриваат новинарите на популарниот шпански медиум „Марка“.

Модриќ по пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“ се наметна како еден од најзначајните играчи во тимот освојувајќи се што може да се освои. Хрватот настапи на повеќе од 520 натпревари, забележа 39 голови и 84 асистенции.

За неговите услуги подолго време се заинтересирани клубовите од Саудиска Арабија, а не се исклучува и можноста за преселба во Интер Мајами каде би соработувал со Лионел Меси.

Се вчитува...