Ето ја откри темната страна на Гвардиола

376
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Во текот на својата тренерска кариера, Пеп Гвардиола беше тренер на Барселона, каде што стекна светска слава, потоа на Баерн (М), додека речиси осум години е менаџер на Манчестер Сити, на кој му донесе статус на европски гигант.

Иако генерално постои позитивно мислење за Гвардиола и неговата личност, во споердба со тоа за Жозе Мурињо, далеку од тоа дека шпанскиот тренер е цвеќе за мирисање.

Пред неколку години Златан Ибрахимовиќ отворено зборуваше лошо за Гвардиола дека немал храброст да се соочи со него. Но, Ибра не е единствениот, истото го направи и човекот од кој се ослободи Шпанецот за да го донесе Швеѓанецот на „Ноу Камп“.

Станува збор за Самуел Ето, кој беше член на познатата генерација на Барса која во 2009 година ја освои тројната круна.

-Веднаш штом влезе во канцеларијата, Гвардиола запиша три имиња на списокот со играчи за продажба: Роналдињо, Деко и Ето, играчи кои се долго време во клубот“, откри Ето и продолжи:

„Ми се јави неколку дена подоцна и ми рече дека ме сакаат во Узбекистан, ќе ми плаќаат 26 мил. долари годишно и би било добро да прифатам. Му реков дека по секоја цена ќе останам во Барселона, а тој почна да води еден вид психолошка војна против мене. Бевме во Хјустон на претсезона и во соблекувалната рече дека бројот 9 ќе му припадне на Анри, а јас ќе го земам бројот 14“.

„Тоа беше целосен недостаток на почит. Ме натера да играм вкупно 40 минути против Чивас и Њујорк Ред Бул, но постигнав вкупно 6 гола. На тренинзите ме учеше како да напаѓам“.

Еднаш отидов да отворам простор за Меси кој доаѓаше одзади и во таа прилика постигнав гол. Но Гвардиола свиркаше и одмавнуваше со главата прашувајќи ме што правам и каде одам. Му кажав дека играч од средниот ред како него не може да го научи Самуел Ето како да напаѓа“.

„Сезоната заврши со тројна круна, а јас бев најдобар стрелец во лигата. Потоа отидов во Интер и кога игравме против Барса во полуфиналето, следеше врвот. Сите бевме во тунелот и тој не ме ни погледна, само продолжи. На крајот од играта, тој дојде до мене да се ракува. Чекаше камерите да снимаат се и потоа помина“.

„Анри кој бил во тунелот како и сите други ја видел сцената и почнале да се смееат зад него. Желбата за победа на Пеп веројатно го натера да не ги почитува играчите во одредени ситуации“, заклучи Ето.