Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје убедлив против ТФТ во второто полуфинално соочување во „Јане Сандански“

Објавено

на

Составот на МЗТ Скопје води со 2-0 против ТФТ Моцарт во полуфиналната серија во Првата лига.

За разлика од првиот меч во кој „металците“ се пропотија за триумф над клубот од Тафталиџе, вечерва избраниците на Васко Атанасов му одржаа лекција на скопскиот ривал со 91:67 и сега се на една победа од пласман во големото финале.

Домаќините постигнаа 50 поени во првото полувреме, се стекнаа со убедлива предност од 21 разлика (50-29), па во вториот дел рутински, искусно ја довршија работата во СЦ „Јане Сандански“.

Резервистот Делалиќ ја предводеше листата на стрелци со 20 поени, Војдан уфрли 15, а Робев 11 кошеви.

Вертц реализираше 18 кошеви за гостите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни