Утрински Весник
Спорт

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Screenshot 2024 04 23 231023.png
Img 5587

Ко-лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Арсенал вечерва во лондонската пресметка пукна „петарда“ во мрежата на Челзи (5:0) и времено се осамостои на лидерската позиција. По убедливиот триумф на „Емирати“, Арсенал има 77 бодови, три повеќе од Ливерпул, но и натпреавр повеќе и четири бода повеќе од актуелниот првак Манчестер сити кој има одиграно два меча помалку од „топчиите“. Тимот на тренерот Микел Артета доминираше во дуелот со Челзи. Ленардо Тросар уште во четвртата минута го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел Арсенал имаше уште неколку одлични шанси, но голманот на Челзи, Жељко Петровиќ, беше одличен на голот. Во второто полувреме „топчиите“ постигнаа уште четири гола. Бен Вајт и Каи Хаверц се запишаа по двапати во листата на стрелците.

Ss1

Можете да прочитате

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024

Добра вест за Анчелоти е враќањето на Куртоа во тимот