Вести Избори 2024 Македонија

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Мирен изборен ден, позитивна оценка за гласачкиот процес, засилена негативна реторика и етнички поделби во финалниот дел од кампањата, нефер распределба на државни пари за кампања и фаворизирање на кандидатите од големите партии и отсуство на контролен механизам, при дистрибуција на парите за реклами кај онлајн медиумите. Вака може да се сумира оцената на набљудувачката мисија на ОДИХР за првиот круг на претседателските избори и кампањата која претходеше.

Околу измените на Изборниот законик од ОДИХР, соопштија дека голем дел од препораките на ОБСЕ се усвоени, но без јавна дебата, а оние на меѓу секторската група беа игнорирани. Исто така парите од државниот колач за рекламирање се нерамномерно распределени кај кандидатите и на тој начин едни се ограничуваат, а други се фаворизираат.

Отсуство има на контролен механизам, особено кај онлајн медиумите и затоа од мисијата имаат сомнежи дека истите се креирани само за да повлечат државни пари за реклама и потоа да ги канализираат до политички партии. За кои портали и партии станува збор не беше соопштено.

ОДИХР ќе продолжи со следење на кампањата за вториот круг на претседателски избори и парламентарните избори, а извештајот ќе биде објавен најдоцна за три месеци по завршувањето на изборниот процес односно по 8 мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден-Христос Воскресе, Навистина Воскресе

Дејан Дејан

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе