Breaking News

Продолжува субвенционирањето на организиран странски туристички промет


Пред македонскиот туристички сектор тимот на вработени во АППТ-Струга, Комисијата за субвенционирање на странски организиран туристички промет денес ги презентираа можностите за субвенционирање. Освен за начинот, видот и висина на субвенциите се одговараше на прашања за најчестите пропусти при доставување на потребната документација и поднесени барања.


Директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски најави дека 99 проценти од исплаќањето на субвенциите се реализирани во 2022 година и дека во 2023 се исплатени околу 18 милиони денари, се очекува оваа динамика да продолжи во текот на целата година.
Јаневски додаде дека очекувањата за 2023г се надминувања од 3,2 милиони ноќевања, додека од секундарните и примарните пазари се предвидува да има помеѓу 20-40 проценти раст кои ќе овозможат зголемивање на бројот на туристи.


Воедно најавени се нови авио линии, нови пазари и кружни тури кои ќе овозможат раст во туризмот и зголемување на бројот на туристички пристигнувања.

Динамиката на закрепнување на туристичката индустрија продолжува во Европа, а кај нас фокус се става во ребрендирање на дестинациите и промоција преку саемски манифестации и нова туристичка понуда.