Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ го водеше Далас до важен брејк, Кливленд издоминира против Бостон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас (110:119) и Кливленд (94:118) остварија важни гостински победи и ќе ги дочекаат натпреварите на домашен терен против Оклахома Сити и Бостон во многу поповолна позиција.

Фаворитите не успеаја да ги неутрализираат Лука Дончиќ и Донован Мичел, двајцата реализираа по 29 поени и ги предводеа своите екипи до брејк победи во дуелите против големите фаворити и екипи со најдобар ефект во регуларниот дел од сезоната.

Словенецот го подобри процентот на реализација, погоди пет тројки, а учинокот го надополни и со 10 скокови и 7 асистенции, во натпревар на кој Далас диктираше резултатско темпо уште од почетната серија 13:2.

Ирвинг уфрли само 9 поени, но затоа експлодираше Пи-Џеј Вашингтон, кој имаше ист реализаторски ефект со Дончиќ и еден скок повеќе. Гилџус-Александер повторно беше најефикасен кај Оклахома, овој пат со 33 поени.

Бостон имаше добар старт против Кливленд, но гостите брзо се разбудија и го добија првиот период со 26:30, додека во второто полувреме издоминираа за убедлива победа и израмнување во серијата.

Покрај Мичел, се истакнаа и ЛеВерт и Мобли со по 21 поен, додека Тејтум со 25 поени бил најдобар реализатор во редовите на Бостон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни