Бистра се разбуди под снег


По најавите од УХМР за промена на времето со далеку пониски температури од претходната недела, утрово Маврово, Бистра Планина се разбуди под снег. 

Како што може да се забележи на фотографијата постирана на ФБ страницата на НАционалниот парк „Маврово“, падините на планината се забелени. 

 

Најниските измерени температури се на Попова Шапка – 2 и во Лазарополе 0.

За утре УХМР најавува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.

 

За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.