Вести Македонија Топ вести

Невакцинирани деца да не можат во училиште, родители кои свесно не вакцинираат деца треба да бидат јавно објавени – министерот за здравство Демири со законски измени за подобра имунизација

Министерот за здравство Демири со законски измени ќе го подобрува опфатот со задолжителна имунизација, доколку имаме предвид дека според последните податоци, 10.000 деца не се вакцинирани со ди-те-пер, додека третина од нив немаат примено МРП. Според Демири, јавноста би требала да знае за оние родители кои свесно го прават тоа, загрозувајќи го здравјето на своето дете, нивните имиња да бидат јавно соопштени, затоа што го изложуваат своето дете на болести.

„Ќе предложам законски нормативи, да не можат да одат во училиште без да бидат вакцинирани. Тука ќе се побара и тоа ќе биде еден од условите и потоа сигурно ќе има некоја подзаконска норматива. Тоа останува на правниците. Ако родителот на некое дете не дозволува вакцинација, да има консеквенци, зошто родителот не го вакцинирал детето“, изјава Илир Демири, министер за здравство.  

Воедно, невакцинирани лица да не може да се вработат во јавното здравство. Во моментов за мене како инфектолог, вели Демири, „покрај големата кашлица и морбилите кои се веќе присутни во регионот, многу позагрижувачки е фактот за пропуштени доза за полиомиелит, заболување кое нема специфичен третман, со висока инвалидност и смртност кај деца“.

Според Демири, повеќе од два милиона дози на вакцини на Западен Балкан и во дел од Европската Унија се пропуштени за полиомиелит. Ризикот е голем доколку се знае дека низ Македонија минуваат многу патишта, а ендемски зони се Авганистан и Пакистан.

Веќе од следниот месец, Календарот за редовна имунизација ќе биде проширен со деветовалентна ХПВ вакцина. Вакцината ќе биде достапна и за младите момчиња.

„Досега се користеше четиривалентната вакцина, а со ова осовременување на календарот од оваа година ќе ја користиме деветовалентаната ХПВ вакцина, која обезбедува заштита и кон дополнителните пет серотипови на ХПВ вирусот и тоа покрај четири серотипови против кои и досега вакциниравме 6, 11, 16 и 18, оваа вакцина ќе заштитува и од ХПВ серотиповите 31, 33, 45, 52, 58“, изјава проф. д- р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.

Годишно во земјава се евидентирааат околу 150 нови случаи со рак на грлото на матката, а околу 60 пациенти годишно го губат својот живот поради состојби поврзани со ова заболување. Новата деветовалентна ХПВ вакцина е безбедна и делотворна и дополнително ќе ја намали инциденцата на ХПВ инфекцијата, како и на малигните заболувања поврзани со ХПВ во споредба со првичната читиривалентна ХПВ вакцина, забележа претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе